• +389 (0)2 2520 730
  • info@plimont.com.mk
30
Jun

Landirenzo EVO OBD го извлекува максимумот од моторот и на LPG погон. Новиот Автогасен систем на Landirenzo, EVO OBD ги оптимизира возните карактеристики, заштедата, безбедното возење, цената за инсталирање и враќањето на инвестицијата.
Основната цена на Landirenzo EVO OBD системот изнесува 39.360 денари
Дизајниран е да ги задоволи барањата на најсовремените Euro-5 и Euro-6 бензиски MPI мотори со моќност до 160 kw, вклучително и Valvetronik, Turbo и Boxer моторите .
Landirenzo EVO OBD системот овозможува прецизно вбризгување на LPG горивото при сите режими на оптеретуваање, а неговата OBD адаптација ги изведува корекциите во реално време спрема моменталните барања на моторот. Тоа значи дека на возачот му е достапна моќноста на моторот во секој момент со минимална потрошувачка на LPG. Сите негови компоненти се производ на високата технологија на Landirenzo, се карактеризираат со врвни перформанси и со голема издржливост во комплицирани услови на експлоатација и со различен квалитет на LPG гориво.