• +389 (0)2 2520 730
  • info@plimont.com.mk

ВГРАДУВАЊЕ НА АВТОГАСЕН LPG УРЕД

Инсталирањето на автогасен  систем во Вашиот автомобил Ви овозможува да заштедите  50% од  трошоците за гориво.

Покрај тоа, ТНГ е чист извор на енергија затоа што при негово согорување не се создаваат PM 10 честички како и за 10%.пониски емисии на СО2, кои се главните причинители за загадување на воздухот во градовите,

Со инсталиран ТНГ систем во вашиот автомобил, можете да возите и во области кои подлежат на ограничувања во сообраќајот.

Автогасните системи ги исполнуваат најстрогите безбедносни стандарди за моторни возила, што ги прави  подобни за користење во сите услови на возење.

Автогасните ТНГ системи не го жртвуваат задоволството од возењето затоа што нудат добри перформанси во однос на моќ и флексибилност.

ЛАНДИРЕНЗО ЕВО

Автогасниот секвенционален систем  Landirenzo Evo е оптимално решение за автомобилите со 3 и 4 цилиндри и со моќност на моторот до 110 кw, кои се произведени според  Еуро 4, Еуро 5 и Еуро 6 стандарди.

Landirenzo Evo постигнува возни карактеристки  на автогасен погон кои се максимално приближени до карактеристиките на бензиски погон.

Поседува повеќе стратегии на вбризгување на гориво, со кои дополнително се прецизира работењето на моторот на гасен погон. Дел од софтверските опции се стартување на гас при топол мотор, интервентно стартување на гасен погон, подготовка за рамномерно префрлување на гасен погон, додатно вбризгување на бензин при различни вртежи и оптеретување.

LandirenzoEvo  е адаптибилен кон сите услови на возење, тестиран на сите типови на патишта и сите климатски услови

Применетата технологија овозможува непречена работа на уредот и со непрочистено гориво и гориво со нестандарден квалитет.

ЛАНДИРЕНЗО ЕВО ОБД

–  Автогасен систем од висока класа наменет за возила со мотори со 2, 3 и 4 цилиндри.

Компактната форма и малите димензии го прават погоден за вградување во најголемиот број на возила. Компонентите одбрани за овој модел на автогасен систем се меѓу најтивките и најефективните, што гарантира лесно инсталирање и висока фукционалност.

LANDIRENZO EVO OBD е подложен на строги испитувања за да гарантира максимален квалитет и долготрајност, како и беспрекорна работа на секое возило на автогасен погон. Притоа, сите компоненти се тестирани секоја одделно, но и заедно како целосен систем.

LANDIRENZO EVO OBD е наменет за возила со мотори со 2, 3 или 4 цилиндри, вклучителни и за возила со турбо мотори. Системот е компатибилен со најстрогите стандарди за издувни емисии (Euro 6).

LANDIRENZO EVO OBD овозможува OBDII конекција преку K и CAN протоколите за потполна и точна дијагностика и калибрација на автогасниот систем.

ЛАНДИРЕНЗО ЕВО ОБД 6 ЦИЛ

–  Автогасен систем од висока класа наменет за возила со мотори со 5 и 6 цилиндри.

Системот EVO OBD 6-CIL  гарантира исклучителна ефикасност на работата на моторот на автогасен погон. Ги користи новите софтверски стратегии на Landirenzo со кои се постигнува максимална прецизност при калибрацијата на автогасниот систем. Главни критериуми според кои е направен изборот на компонентите се издржливоста и долготрајноста, како што е металниот корпус на компјутерот и инјектори со трајност од 300 милиони циклуси.

Способноста за ефективно функционирање на разни типови на возила со 6-цилиндерски мотор со сила до 200 kw, го прават LANDIRENZO EVO OBD 6-CIL одличен избор со оптимален сооднос цена-квалитет.

Системот ја поддржува LANDIRENZO CONNECT опцијата.

ЛАНДИРЕНЗО ДИРЕКТ

LANDIRENZO OMEGAS DIRECT

ТНГ Систем наменет за возила со direct injection тип на мотори.

LANDIRENZO OMEGAS DIRECT системот  претставува еволуција во развојот на конвенционалните автогасни системи, дизајниран за конверзија на моторите со директно вбризгување на автогасен погон.

LANDIRENZO OMEGAS DIRECT ги намалува штетните издувни гасови со што помага за подобрување на квалитетот на воздухот и гарантира сообразност со се построгите стандарди за заштита на околината. Напредната технологија овозможува  OMEGAS DIRECT да гарантира високи перформанси , а воедно и сочувување на моторот во текот на годините. Последната генерација на инјектори е максимално безбедна заради точното дозирање на горивото  и оптимизираното согорување. OMEGAS DIRECT системот интерактивно комуницира со бензискиот систем и овозможува OBDII поврзување за напредна дијагностика на автогасниот систем.

LANDIRENZO OMEGAS DIRECT е достапен во повеќе верзии кои се наменети за возила со различна зафатнина на моторот, вклучително и турбо моторите.

    ДОБИЈ ПОНУДА