1. ШТО Е ТНГ
ТНГ е ознака за течен нафтен гас. Тоа е нуспроизвод при рафинирање на сурова нафта. ТНГ е во гасна состојба при нормален атмосферски притисок и нормална амбиетална температура, но лесно се втечнува кога се применува повисок притисок и / или кога е намалува температурата.
ТНГ кој се користи во возилата е мешавина на пропански и бутански гасови, со хемиски и физички својства кои овозможуваат добри перформанси и моќност на возилото , како и нормално функционирање на моторот.
Производите на неговото согорување се јаглеродни и азотни оксиди и недосогорени јаглеводороди, но во помали количини во споредба со согорувањето на бензински и дизел-горива, додека ароматичните јаглеводороди, сулфур диоксидот и ПМ10 честичките се сосем отсутни.
Енергијата која ја содржи ТНГ е 10,000 kcal / kg, додека онаа на бензинот е 10.300 kcal / kg
2.ШТО Е ЦНГ
Природниот гас (CH4- Метан) е најеколошко гориво и едно од најзастапените во природата. Не се добива преку процес на рафинирање, тоа е еколошко гориво кое пристигнува подготвено за употреба директно од изворот.
Природниот гас не содржи нечистотии, сулфур, оловни соединенија или ароматични јаглеводороди, така што произведува многу ниски нивоа на загадувачки емисии, без мирис, без ПМ10 честички или остатоци од согорувањето.
Хемискиот состав на природниот гас придонесува за многу помалку СО2 од другите горива и го намалува формирањето на озонот во атмосферата.
Карактеритиките на природниот гас го прават погоден за употреба во возила без потреба од адитиви кои можат да бидат штетни за здравјето на луѓето. Исто така, содржи повеќе енергија од кое било друго гориво (природен гас = 11.600 kcal / kg; бензин = 10.300 kcal / kg; дизел = 10.200 kcal / kg).
Друга важна придобивка е што природниот гас е многу полесен и поекономичен за транспорт од другите горива, затоа што по првичните трошоци за изградба на гасоводот, нема високи трошоци за транспортирање. За разлика од другите горива, природниот гас нема потреба да се транспортира во танкери или со камиони кои произведуваат загадувачки емисии и придонесуваат за сообраќаен метеж, и затоа помага во намалување на ризикот од сообраќајни несреќи и загадување кои произлегуваат од сообраќајот на тешките возила.
3.Дали е вистина дека моторните возила на ТНГ погон загадуваат помалку од оние кои работат на бензин?
Да, тоа е вистина. Со ТНГ, емисиите на јаглерод диоксид (CO2) се намалуваат за околу 10%, додека емисиите на јаглерод моноксид (CO), азотните оксиди (NOx) и недосогорените јаглеводороди (HC) остануваат во голема мерка непроменети, во зависност од видот на возилото и од инсталираниот систем за довод на гориво. Возилата кои користат ТНГ практично не произведуваат PM 10 честички, една од главните причини за загадување на атмосферата во градските центри.
ТНГ значително ја намалува соджината на издувните гасови за кои законот се уште не поставува ограничувања, како на пример, сулфур диоксид (SO2), бензен (C6H6), формалдехид (HCHO) и PAH (полициклични ароматични јаглеводороди), кои претставуваат многу агресивни канцерогени супстанции (“нерегулирани” загадувачи). Користењето на ТНГ наместо бензин или дизел, исто така го намалува потенцијалот за формирање на „летен смог“- фотохемиски смог што предизвикува производство на озон (О3).
4.Заштеда на ТНГ во однос на бензин: дали е вистина дека можете да заштедите 50% со автомобил со ТНГ, споредено со бензински погон?
Да, тоа е точно. Трошоците за гориво на возило опремено со ТНГ погон се значително пониски отколку кај возило на бензиски погон.
5.Каков резервоар се инсталира со ТНГ систем?
Системот за полнење на ТНГ вклучува употреба на два вида резервоари : цилиндрична или кружна форма.
Овие два вида на резервоари се достапни со различен капацитет, дијаметар, тежина, итн.
Кога цилиндричен резервоар е сместен во багажниот простор на автомобилот, капацитетот на просторот се намалува во зависност од димензијата на вградениот резервоар. Од друга страна, со поставување на кружен резервоар (во форма на тркало), на местото на резервната гума, во голема мера се зачувува достапниот багажен простор.
И двата типови на резервоари можат да бидат поставени и надворешно-под возилото, со почитување на соодветни безбедносни стандарди.
Резервната гума може да се чува во специјалнаторба или да се замени со кит за поправка на гума.
6. Дали се губи багажен простор?
Кога цилиндричен резервоар се сместува во багажниот простор на автомобилот, неговиот капацитет се намалува во зависност од запремнината на резервоарот. Со вградување на торусен-кружен резервоар на местото на резервната гума, се штеди достапниот простор.
7.Дали инсталацијата на автогасен систем вклучува губење на патничко место?
Тежината на ТНГ системот се пресметува како дел од вкупниот товар што може да го пренесе возилото (луѓе + багаж).
Затоа, возачот мора да ја земе предвид тежината на инсталираниот систем при одредување на максималното оптоварување што може да се транспортира.
8. Треба ли редовно да се сервисира резервоарот за ТНГ?
Не, ТНГ резервоарот нема потреба од сервисирање, тој треба да се замени по 10 години употреба.
9. Кои возила можат да се конвертираат на гас?
Речиси сите типови на автомобили кои користат бензин, возила со карбуратор, возила со вбризгување и возила со вбризгување со катализатор, можат да се конвертираат за да работат на гасен погон, без оглед дали се опремени со индиректен или директен систем за вбризгување
Сепак,ако планирате да инсталирате ТНГ или ЦНГ систем на возило, препорачливо е да проверите со специјализирана работилница дали конкретниот модел на возило може да се конвертира и кој тип на систем треба да се инсталира на него.
10.Може ли автомобилите кои користат дизел гориво да користат гас?
Да, иновативниот систем на вбризгување LANDIRENZO DUAL FUEL овозможува дизел моторите да се конвертираат во мотори кои работат со мешавина од дизел и природен гас.
Ова ги обновува дизел моторите со нова технологија што заштедува пари, ја подобрува автономијата и значително ги намалува загадувачките емисии.
Оваа софистицирана технологија може да се примени кај лесните и средно-тешките комерцијални возила со стандардни комплети за конверзија, а за тешки комерцијални возила се користат специјални комплети за конверзија.
11. Дали е можно или препорачливо да се конвертираат комунални возила?
Современите системи за довод на гасно гориво не предизвикуваат значителна загуба на моќност во споредба со бензинот, и затоа е можно да се инсталираат ТНГ и ЦНГ системи дури и на комунални возила.
12. Дали е можно да се пренесе систем од еден автомобил во друг?
Технички е можно (ако карактеристиките на моторот се слични и го дозволуваат тоа), но не секогаш е економски исплатливо, бидејќи заштедата на трошоците од не-купување нови компоненти може да биде анулирана со двојната цена на трудот- за демонтажа и нова монтажа на системот.
13.Каква треба да е состојбата на автомобилот за да може да се конвертира на гас и да функционира оптимално?
Возило кое е добро одржувано и кое добро работи на бензин, ќе работи добро и на гас.
За да се инсталира ТНГ или ЦНГ систем на возилото, тоа мора да е во добра генерална состојба, а ова посебно се однесува на системот за палење (свеќички, кабли, бобина), филтер за воздух, ламбда сонда, катализатор, вентили.
14. Колку време е потребно за да се изведе инсталацијата на автогасен систем ?
Инсталирањето на LPG или CNG систем во специјализирана работилница вообичаено трае од еден до три денови.
15. Дали е можно да се користи автомобилот на бензин по инсталирање на систем за гас?
Инсталирањето на ТНГ или ЦНГ систем нема да влијае на способноста на возилото да работи на бензин.
Возачот може да одлучи кое гориво ќе го користи со едноставно притискање на копчето за промена кое се поставува на контролната табла.
Денешните автогасни системи се лесни за употреба, бидејќи тие обезбедуваат возилото секогаш да започнува да работи со бензин и автоматски да се префрла на гас по околу 15 до 60 секунди, кога ќе се достигнат оптималните параметри за функционирање на гасниот погон.
Инсталирањето на автогасен систем практично ја удвојува автономијата на возилото, кое сега може да смета на резервоарите на двете горива.
16. Дали е подобро нов автомобил одреден период да се вози само на бензин пред да се конвертира на гас?
Не, не постојат специфични контраиндикации. Во секој случај, пожелно е да се испроба како функционира возилото на бензиски погон.
17.Зошто чини повеќе конверзијата на природен гас –ЦНГ отколку на ТНГ?
Повисоката цена првенствено се должи на цената на резервоарот за природен гас кој е под висок притисок. Бидејќи природниот гас е под значително поголем притисокво однос на ТНГ (околу 200 бари во однос на 15 бари), безбедносните стандарди кои треба да се исполнат се многу повисоки.
18.Дали системите за гас се безбедни?
Да, тие се сосем безбедни. Дополнително, автогасните системи инсталирани во возила во специјализирани работилници ги одобрува надлежно Министерството врз основа на унифицирани европски стандарди.
19.Дали резервоарите за ТНГ се безбедни?
Резервоарите за ТНГ секогаш се дизајнираат и конструираат земајќи ги предвид хемиско-физичките карактеристики на горивото. Резервоарите за ТНГ се произведуваат со употреба на 3,5 мм челични плочи, посебно термички обработени за да се избегне пукање во случај на деформација. (предизвикана на пример од сообраќајна несреќа).
Стандардите со кои се уредува производството на различните компоненти се многу сериозни. Тестовите и испитувањата за резервоари и цевки се изведуваат под притисок од 45 бари, иако во нормални услови, работниот притисок на ТНГ во возилата никогаш не надминува 20 бари.
20.Кој е референтен стандард за резервоарите за ТНГ и кои системи за безбедност се потребни?
Резервоарите за ТНГ се регулирани со Регулативата на ООН / ЕЦЕ бр. 67/01, со кој се утврдени посебните уреди потребни за да се обезбеди максимална безбедност во секоја ситуација (пожар, несреќен случај, паркинг во подземна гаража, изложеност на прекумерна топлина од сончево зрачење, итн.). Во пракса, на секој резервоар се поставува посебен мултивалвал кој е задолжен за неговата безбедност.
21. Што се случува со системот за ТНГ во случај на несреќа?
Истекување на гас од ТНГ систем е многу помалку веројатно од истекување на бензин. Пожарните тестови покажаа дека во случај на пожар, волуменот на пламенот е многу помал отколку во случајот со истекување на бензин -кој има тенденција да се шири по земјата околу возилото.
Спроведени се десетици тестови за несреќи и пожари во соработка со противпожарни служби, со користење на најсофистицираната опрема, а со кои е докажана ефикасноста и безбедноста на вентилите и резервоарите.
22.Како можам да детектирам истекување на гас?
И во ТНГ и во природниот гас се додадени миризливи компоненти со чија помош лесно можете да можете да откриете какви било протекувања.
23. Дали автомобилите што работат на гас бараат посебно одржување?
Како и сите останати механичка компоненти кои се предмет на абење, автогасните системи имаат потреба од редовно одржување на секои 20,000 км, кога се прави и проверка на правилното функционирање на различните компоненти.
Посебно внимание треба да биде насочено кон филтрите за гас (кои се заменуваат на пропишани интервали) и системот за палење на возилото, кој мора да се одржува во совршена состојба.
24. Која е разликата во перформансите помеѓу возило кое користи ТНГ и возило кое користи бензин?
Промената која ја предизвикува Автогасниот ТНГ систем е загубата на моќност на моторот од околу 2-3 %, што во пракса значи дека автомобилот ги задржува возните карактеристики.
25. Мојот автомобил е опремен со функцијата Start & Stop: Дали LPG / CNG системите ќе влијаат на него?
Не. правилно поставен автогасен систем, не ја деактивира опцијата Start & Stop: Возилото се исклучува и реактивира со гас, без проблеми.