Главните предности на автогасот како економично и еколошко алтернативно погонско гориво се заштедата на финансиски средства и намалената количина на штетни издувни гасови од моторот.
Вградувањето на автогасен систем во возило носи и значаен финансиски бенефит. Цените на автогасните горива,ТНГ (пропан-бутан) и ЦНГ(метан), се значително пониски од цената на бензинот, така што и покрај минимално зголемената потрошувачка на гас во однос на Бензинот, заштедата во потрошени финасиски средства е од 50% до 60%.
-
Со вградување на автогасен систем возило со стандарден мотор ќе премине во возило со ниски емисии на штетни гасови, кое ќе ги исполнува построгите барања од новите регулативи за заштита на околината. Издувните гасови на возилата на автогасен погон содржат значително помал процент на јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, азотни оксиди, сулфур диоксид, бензен . Посебно е важно што возилата на гасен погон практично не продуцираат PM 10 честички кои се еден од главните причинители на атмосферското загадување во урбаните средини.