• +389 (0)2 2520 730
  • info@plimont.com.mk

Денес LANDIRENZO  е светски лидер во дизајнирање и производство на автогасни ТНГ И ЦНГ системи за возила.

Работејќи во повеќе од 50 земји на пет континенти, LANDIRENZO постигна широка распространетост, со директно присуство, преку подружници и заедничко вложување, како и со договори за комерцијална дистрибуција со локални увозници и дистрибутери.

Системот за контрола на квалитет на LANDIRENZO, кој во 1996 година е сертифициран според ISO 9001, а во 2001 година и според ISO/TS 16949, во 2006 година добива и сертификат специјално наменет за промет со автомобилски компоненти.. Ландирензо е првата компанија од секторот која поседува сертификат ISO/TS 16949 за производство на високок валитетни компоненти за автомобилската индустрија. Во 2006-та година е создаден и LANDIRENZO Corporate University центарот за развој на човечките ресурси на Landi Group.

LANDIRENZO S.p.A  има долгогодишно партнерство со најголемите светски производители на моторни возила. Комплексноста на електрониката во денешните нови возила бара постојана и стабилна соработка со производителите на моторни возила, со цел дизајнирање и производство на системи кои совршено се интегрираат во електронскиот и механичкиот дизајн на денешните возила.